Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА спрема радикални промени во Лигата на шампионите – 10 натпревари во групната фаза без зимска пауза!

УЕФА спрема радикални промени во Лигата на шампионите – 10 натпревари во групната фаза без зимска пауза!

Eлитното натпреварување во нов променет формат се спрема од 2024 година.

Лигата на шампионите се наоѓа пред големи промени, кои би биле први после 10 години и тие се очекуваат да донесат поголеми возбудувања и подобар фудбал.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се пишуваше за промени во форматот на натпреварувањето, не е тоа новост, но во меѓувреме некои од најголемите клубови се залагаа за формирање на Суперлига. Овој потег би можел да се протоколува како желба да се задржат најсилните клубови.

Како и да е бројни англиски медиуми во средата пренесуваа информација дека челниците на Европската фудбалска федерација на големо договораат за формат на натпреварување во кое еден тим би играл 10 натпревари во групната фаза.

Целта е да се одиграат повеќе натпревари во групите пред нокаут фазата и да се внесе поголема неизвесност. Причината е што многу често се случува еден или два тима во групата да обезбедат пласман во нокаут фазата после три или четири натпревари. Сезонава таква е ситуацијата со Манчестер Сити, Порто, Севиља, Челзи, Барселона и Јувентус, овие екипи обезбедија пласман во следната фаза на две кола пред крајот.

Според новиот план целта е секој тим да одигра дополнителни четири натпревари на актуелните шест што значи дека натпреварувањето би се продолжило во јануари и февруари, двата месеци кои до сега беа резервирани за пауза во натпреварувањето.

Со самото зголемување на бројот натпревари групата би добила на атрактивност и неизвеност.

Се разгледува „Швајцарскиот систем“

Ако се усвои „Швајцарскиот систем“ дефинитивно тоа најмногу би го променило форматот, би било таа Лига на шампиони каква што нема да наликува на сегашната.

Според тој модел, 32 екипи во групната фаза би биле сместени во една дивизија и рангирани по УЕФА коефициент. Би се одиграле осум до 14 натпревари со распоред на основната позиција на ранг листата.

Најдобрите осум тимови не само што би се квалификувале во осминафиналето туку би обезбедиле и место во групната фаза следната година, додека преостанатите 16 учесници би разигрувале за групната фаза наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…