Милан оваа сезона игра фантастично и е лидер во Серија А, иако на почетокот на сезоната „росонерите“ не беа ни мешу првите пет фаворити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стефано Пиоли изгради одличен тим, па фудбалските експерти се согласни дека Милан е сериозен кандидат за Скудетото оваа сезона.
„Милан е сериозен кандидат за Скудетото. Победата против Наполи беше импресивна демонстрација на сила. Но, победата против Фиорентина ме изненади и мене. Леснотијата и решителноста со која игра Милан дури и без Ибрахимовиќ. Стефано Пиоли е одличен тренер и има големи заслуги за тоа“, изјави Капело.
„Интер и Јувентус се технички најквалитетни и сигурно ќе бидат протагонисти. Лацио и Аталанта се енигма, Наполи е добро структуиран, но Милан е заслужено на врвот и може да остане таму до крајот“, смета легендарниот тренер.