Дома Фудбал Останато Човекот кој го навлече бесот на цела Аргентина: Ова е „идиотот“ кој се сликаше со телото на Марадона

Човекот кој го навлече бесот на цела Аргентина: Ова е „идиотот“ кој се сликаше со телото на Марадона

Диего Марадона почина во средата, а вчера беше погребан во неговата Аргентина.

Сите се простуваа од големиот Диего, меѓутоа бесот на цела Аргентина го навлече човекот вработен во компанијата задолжена за погребот. Тој се фотографирал покрај телото на Диего и таа фотографија ја објавил на социјалните мрежи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Станува збор за Диего Молина, тој е човекот кој го навлече бесот на цела Аргентина, посебно на пријателите на Марадона и адвокатот Матијас Морле.

„Лично ќе го пронајдам идиотот кој ја направил оваа фотографија“, напиша на Твитер Матијас, а после неколку минути објави.

„Тој идот е Диего Молина. Тој се сликаше покрај телото на Марадона, нема да се откажам додека не плати за својот грев“.

Многумина прво помислија дека се работи за фотомонтажа, но овој „идиот“ навистина го направил тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…