Дома Македонски спорт Македонија – Естонија: Со 4-2-3-1 одиме по голови и победа!

Македонија – Естонија: Со 4-2-3-1 одиме по голови и победа!

Македонските фудбалери од 15 часот ќе се соочат против Естонија во групата од Лигата на нации, па ќе се обидат да победат и да го задржат првото место.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Игор Ангеловски мораше да излезе со комбиниран состав затоа што по пласманот на Европското првенство од обврските беа ослободени Горан Пандев и Столе Димитриевски, додека Енис Барди и Аријан Адеми се повредени.

На голманската позиција ќе биде Дамјан Шишковски, кој ќе го замени Димитриевски. Во одбранат аќе бидат Дарко Велкоски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Кире Ристевски.

Во средината ќе бидат Бобан Николов и Стефан Спировски, а на крилните позиции ќе заиграат Иван Тричковски и Александар Трајковски. Плејмејкер ќе биде Елиф Елмас, а во нападот Илија Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ибра во свој стил: Ако јас играв, ќе добиев четири црвени картони!

Легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (44) за време на Светското првенство работи како с…