Дома Фудбал Италија Јуриќ: Играчите на Јувентус ме навредуваа цел натпревар

Јуриќ: Играчите на Јувентус ме навредуваа цел натпревар

Јувентус вчера им приреди разочарување на своите навивачи одигрувајќи 1:1 дома против Верона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Верона ова беше прв бод во Торино по цели 32 години. Гостите од Верона прикажаа одлична и храбра игра и покрај индивидуалниот квалитет на италијанскиот шампион. Тренерот на Верона Иван Јуриќ секако беше задоволен по овој резултат.

„Моите играчи беа фантастични. Одигравме одлични 70 минути, во последните 20 некако застанавме, но за среќа не бевме казнети. Кога се ќе се собере заслужено освоивме бод против најдобриот тим во Италија“.

Откри и дека некои играчи на Јувентус го навредувале на основа на неговото потекло.

„Фудбалерите на Јувентус во текот на цел на натпревар ме провоцираа и навредуваа на тема на моето потекло. Ме нарекуваа Балканец. Молчев додека траеше натпреварот, а по натпреварот реагирав како што налагаат правилата“, изјави хрватскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хрватска елиминирана од Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација го заврши настапот на Светското првенство откако загуб…