Дома Фудбал Англија Алиоски добива нов договор во Лидс!

Алиоски добива нов договор во Лидс!

Вчера Езгјан Алиоски одигра одличен натпревар во победата на Лидс на гости кај Астон Вила со 0:3.

Алиоски влегува во последните месеци од договорот со премиерлигашот и тренерот Марсело Биелса сака да му го продолжи договорот.

Наводно Биелса е задоволен од тоа што го прикажал Алиоски и нема намера да го пушти да заминен. „Фудбал Инсајдер“ објави дека Лидс ќе му понуди нов договор, меѓутоа повеќе детали не се откриваат.

Од доаѓањето до денес Алиоски во Лидс одигра 133 натпревари, постигна 20 гола и подели 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Десаи со поддршка за Манчини: „Нема подобар за Италија во оваа криза“

Марсел Десаи верува дека обновата на Италија е на вистинскиот пат, но предупредува дека са…