Францускиот шампион ПСЖ го поддржа својот играч Нејмар во врска со скандалот кој се случи на синоќешното дерби против Марсеј.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејмар учествуваше во голем инцидент меѓу играчите и доби црвен картон. Според него, тој бил испровоциран од противничкиот играч Алваро Гонзалес, кој го навредувал со зборовите „валкан мајмун“.
По натпреварот, најскапиот играч на светот не се извини, но на Твитер го напиша следново: „Жал ми е што не го удрив во лице“, а поради тоа на Нејмар му се заканува казна до 7 натпревари.
„ПСЖ силно го поддржува Нејмар, кој објави дека е предмет на расистичко однесување на противникот. Клубот ја задржува својата позиција дека расизмот нема место во општеството, фудбалот и животот на луѓето. ПСЖ очекува Дисциплинската комисија на Француската фудбалска лига да ги испита и утврди фактите“, се вели во соопштението на францускиот шампион.