Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Бејл пристигнува на „Олд Трафорд“

„Бомба“ од Островот: Бејл пристигнува на „Олд Трафорд“

Доколку не успеат во намерата да ги осигураат услугите на Џејдон Санчо, раководните лица на Манчестер Јунајтед ќе се насочат кон Герет Бејл, пренесува „Скај Спорт“.

„Црвените ѓаволи“ никако не можат да го обезбедат потписот на Џејдон Санчо кој е нивна трансфер цел број еден ова лето, а како се доближува крајот на преодниот рок тие сега ќе мора да размислуваат и на нови мети.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Една од алтернативите е и Герет Бејл кој има „замрзнат“ статус во Реал Мадрид, клуб кој по секоја цена сака да се ослободи од него.

Минатата недела имаше шпекулации дека „кралевите“ дури би прифатиле да платат половина од неговата плата ако замине на позајмица, па Јунајтед сака да го искористи тоа.

Имено, клубот од „Олд Трафорд“ ќе се обиде да го донесе Бејл на двегодишна позајмица, односно до истекот на неговиот договор со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…