Дома Трансфер зона Гонзало Игуаин постигна договор со новиот клуб

Гонзало Игуаин постигна договор со новиот клуб

Гонзало Игуаин ќе го напушти Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот аргентински напаѓач е во процес на преговори околу раскинувањето на соработката со италијанскиот шампион и наскоро тоа би требало да биде официјализирано.

Игуаин изгледа нема долго да чека за нов клуб. Тој веќе постигнал двегодишен договор со Интер Мајами и со тимот на Бекам ќе потпише соработка до декември 2022 година.

Покрај МЛС Игуаин имаше понуди од тимови од Премиер лигата и други клубови во Серија А, меѓутоа тој се одлучи за епиздоа во САД.

Братот на Игуаин, Федерико веќе долги години е во МЛС. Федерико играше седум години за Колумбус, а сега има улога на играч-тренер во Ди-Си Јунајтед.

Ќе потсетиме, пред Игуаин од Јувентус во Интер Мајами пред неколку недели се пресели Блез Матуиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…