Дома Трансфер зона Кутињо се поблиску до Премиер лигата, еден клуб е фаворит

Кутињо се поблиску до Премиер лигата, еден клуб е фаворит

Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо е чекор поблиску до Арсенал јавуваат шпанските медиуми.

Кутињо е блиску до трансфер во тимот од Лондон што би било негово враќање во Премиер лигата. Позајмицата во Баерн за Бразилецот беше неуспешна, Барселона нема намера да го задржи па затоа најреално е да се очекува да замине.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Офанзивецот неодамна го поврзуваа со уште еден клуб од Лондон, Тотенхем. Во овој момент не е познато за колку Брселона би го пуштила Кутињо, но шпанските медиуми веруваат дека сумата нема да биде преголема затоа што клубот не смета на Бразилецот.

Самиот Кутињо неодамна изјави дека има желба да се врати во Премиер лигата каде што пред неколку години блескаше во дресот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…