Дома Топ вести Манчестер Јунајтед не се откажува од Ансу Фати

Манчестер Јунајтед не се откажува од Ансу Фати

Пред неколку дена се појави вест дека некој клуб понудил 100 милиони евра за Ансу Фати (повеќе за ова тука).

Тогаш не беше именуван клубот кој бил спремен да плати толкава сума за младата надеж на Барселона која се градеше во „Ла Масија“, сега Шпанците тврдат дека откриле за кој клуб станува збор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно, Манчестер Јунајтед бил клубот кој за Фати понудил вртоглави 100 милиони евра, меѓутоа како и што се наведува во претходната вест понуда била експресно одбиена.

Каталонски „Спорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го донесе Ансу Фати на „Олд Трафорд“, и покрај фактот што првата понуда беше одбиена.

„Црвените ѓаволи“ наводно спремаат нова понуда за тинејџерот и ќе му понудат двојно повидока плата од онаа која ја заработува во Барселона.

Фати сезонава собра 24 натпревари за Барселона откако минатото лето Ернесто Валверде почна да го користи во првиот тим. Инаку, тој има откупна клазула која изнесува дури 170 милиони евра што е сума која сигурно ниту еден клуб во овој момент нема да ја плати за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…