Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед донел одлука: Ова е цената за која Погба може да замине

Манчестер Јунајтед донел одлука: Ова е цената за која Погба може да замине

Пол Погба веќе некое време се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед, меѓутоа тој се уште е член на „црвените ѓаволи“.

Практично скоро и да нема ден англиските медиуми да не го споменат Погба и неговото можно враќање во Торино во редовите на Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на „старата дама“ Фабио Партичи веќе работи на трансферот, константно е во контакт со Мино Раиола, но свесен е дека оваа зделка не е лесно да се заврши.

„Дејли Стар“ денес објави информација дека Манчестер Јунајтед донел одлука и оној кој ќе сака да го доведе Погба ќе мора да плати 145 милиони евра. Овој износ после кризата која ја направи пандемијата со коронавирусот тешко дека некој може да го плати.

Освен тоа Погба и не покажа некаков претерано добар фудбал во периодот пред прекинот па затоа не се очекува некој клуб на адреса на „Олд Трафорд“ да испрати ваква понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид донел конечна одлука за иднината на Ѓулер

Иако не добива преголема минутажа, Арда Гулера има светла иднина во Реал Мадрид, тврдат шп…