Дома Фудбал Италија Лацио проблемот со празните трибини ќе го реши со слики од навивачите

Лацио проблемот со празните трибини ќе го реши со слики од навивачите

Како што работите стојат Серија А би можела да се врати на 13. или 20. јуни откако оваа недела конечно се утврдени протоколите за групните тренинзи во Италија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Секако, натпреварите ќе се играа без навивачи, но тоа не значи дека трибините ќе бидат празни. Во Лацио добиле една интересна идеја. Тие ќе го наполнат стадионот со фотографии од своите навивачи.

„Размислувавме како можеме да им дадеме прилика на навивачите да бидат на стадионот кога натпреварите повторно ќе продолжат. Можам да ви откријам дека работиме на тоа и следната недела шемата ќе биде функционална. Оние кои ќе сакаат да дат поддршка можат да ни испратат нивни фотографии, а ние ќе ги наредиме на столчињата“, објави клупскиот директор за јавноста на клубот, Стефано Де Мартино.

„Дополнително ќе објасниме како навивачите можат да учествуваат бидејќи работиме на интернет страницата посветена на оваа иницијатива“, додаде Мартино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…