Дома Фудбал Италија Се да се прекине доминацијата на Јувентус: Во Лацио избрзале и ги прекршиле правилата за тренирање!

Се да се прекине доминацијата на Јувентус: Во Лацио избрзале и ги прекршиле правилата за тренирање!

Иако групните тренинзи во Серија А се дозволени дури од понеделник, Лацио сепак ги вовел нешто порано во својот тренинг камп.

„Кориере дела Сера“ пренесува дека „небесно-сините“ веќе започнале да тренираат три на три иако тоа е забрането по правилата за социјално дистанцирање кои се воведени во Италија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Засега се дозволени само индинвидуални тренинзи на играчите во тренинг центрите, но тренерот на Лацио се реши да користи систем три на три во тренирањето.

Секако, тоа е против правилата, но е корисно за зголемувањето на ритамот на работа на тимот.

Исто така се додава дека околу тренинг центарот „Мирко Ферсини“ е поставена зелена мрежа за од надвор да не може да се види ништо.

Во Лацио сигурно имаат голем мотив максимално да се спремат бидејќи на 12 кола пред крајот се на само еден бод од лидерот Јувентус и се надеваат дека тие ќе бидат тимот кој ќе ја прекине доминацијата на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…