Дома Фудбал Италија Роналдо пристигна во Торино, сега ќе мора во карантин!

Роналдо пристигна во Торино, сега ќе мора во карантин!

Ѕвездата на Јувентус Кристиано Роналдо после два месеци се врати во Италија.

Со прогласувањето на вонредната состојба поради пандемијата од коронавирусот Роналдо беше помеѓу првите кои го напуштија Торино. Португалецот изминатиот период го помина во неговата родна Мадеира.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Откако Јувентус ги повика играчите да се вратат во Италија, Роналдо доцна синоќа слета во Торино.

Роналдо следните две недели ќе мора да ги помине во самоизолација во својот дом, а дури потоа ќе може да тренира со останатите играчи во тренинг-центарот.

Освен Роналдо, уште неколку фудбалери на Јувентус, меѓу кои Федерико Бернардески, Хуан Квадрадо, Арон Ремзи, Матијас де Лихт, Блез Матуиди и Гонзало Игуаин, мора да останат две недели во самоизолација пред да се вратат на тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата …