Од поодамна во медиумите се пишуваше дека Жозе Мурињо од преведувач стигнал до светски популарен тренер, но дали тоа е вистина?
Почетокот на кариерата на Мурињо беше врзан со легендарниот англиски тренер Боби Робсон кој за харизматичниот Португалец секогаш зборуваше со суперлативи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу му должам. Во фудбалскиот свет бев никој кога тој дојде во Португалија. Ми овозможи да работам во два клуба, а подоцна ме одведе во еден од најголемите клубови во светот. Различни сме, но гледајќи го него научив што значи да се биде топ тренер“, се потсети во една прилика Мурињо.
Наводно Робсон во 1992 година кога го превзема Спортинг го доведе Мурињ бидејќи му било потребно некој кој добро знаел англиски, но и кој разбирал фудбал. Со себе подоцна го земал Мурињо во Порто, а на крајот двајцата завршија во Барселона.
Легендарниот Христо Стоичков смета дека било грешка и измислица дека Жозе бил преведувач.
„Дојде во Барса и тоа бепе Жозе Мурињо. Некој измисли дека е преведувач, но тоа беше грешка. Работеше на теренот и се знаеше. Беше наш тренер и одличен пријател“, изјави Стоичков.
Мурињо освои две титули со Порто со кој стана и шампион на Европа, со Челзи освои три титули во Премиер лигата, со Интер две Скудета и Лига на шампиони, со Реал Ла Лига, а со Манчестер Јунајтед Лига Европа, ФА Куп и Комјунити Шилд. Денес е тренер на Тотенхем.