Дома Фудбал Реал отсекогаш бил моќен, но легендите го признаа најголемото понижување: Топката не ја видовме

Реал отсекогаш бил моќен, но легендите го признаа најголемото понижување: Топката не ја видовме

Некогашните ѕвезди на мадридскиот Реал, Икер Касиљас и Марсело, признаа дека на натпреварот против Барселона во 2010 година, при поразот од 5:0, не ја виделе топката, а издвоија и изненадувачки човек како некој за кого требаше повеќе да се зборува.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поразот од 5:0 на Камп Ноу стадионот во 2010 година од најголемиот ривал Барселона е еден од најтешките во историјата на Реал Мадрид. Ѕвездите на Кралските од тој период, Икер Касиљас и Марсело, добро го паметат тој дуел и искрено признаваат дека топката не ја виделе.

За време на разговорот во подкастот, прочуениот голман му постави прашање на Марсело: “Кој ти беше најтежок натпревар во животот?”

Бразилецот немаше дилеми. Дуелот од пред 15 години засекогаш ќе го памети:

„Поразот од 5:0 против Барселона на Камп Ноу стадионот во 2010 година. Не можевме да ја видиме топката, како да игравме тој ден со превез на очите”, вели Марсело и продолжува:

„Си реков: “Па, што е ова?” Таму беа Чави, Иниеста, Меси, Педро”, а потоа во разговорот се вклучи Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал, Баерн, ПСЖ… Кој ќе го добие потписот на синот на Роналдо?

Младиот фудбалер кој сега настапува за Ал Наср, Кристијано Роналдо Жуниор, би можел да се …