Фудбалот во Европа и понатаму е стопиран (освен во Белорусија) и се уште се бара начин како и во кој формат ќе се завршат натпреварувањата.
Потребно е да се пронајде решение за националните првенства, но и за европските натпреварувања на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА според актуелната ситуација би била задоволна ако националните шампионати завршат пред почетокот август за во тој месец да се заврши Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Не е исклучен форматот за „мини турнир“ и опцијата за играње само по еден натпревар во четвртфиналето и полуфиналето. Во УЕФА имаат намера европската сезона да ја завршат на 29 август за кога е планирано да биде финалето во ЛШ во Инстанбул.
Шпански „АС“ денес пишува и дека УЕФА одредила датум за почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите и тоа наводно е 20 октомври.