Дома Топ вести Трампа каква ретко се гледа на Апенините: Интер и Јувентус се договорија

Трампа каква ретко се гледа на Апенините: Интер и Јувентус се договорија

Интер и Јувентус се големи ривали како на теренот, така и надвор од него, па ретко соработуваат кога се трансферите во прашање.

Во минатото двата клуба имаа неколку обиди за трампа на фудбалери, а ова лето конечно би можеле да направат трансфер-размена од која сите ќе бидат задоволни.

Медиумите на Апенините лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека двата клуба постигнале начелен договор за трансфер на Мауро Икарди.

Имено, Јувентус е спремен за потписот на Аргентинецот да плати 35 милиони евра плус да го испрати Квадрадо во Милано. Интер е спремен да ја прифати понудата бидејќи не смета на Икарди, а Квардадо е голема желба на Конте.

Икарди оваа сезона игра како позајмен фудбалер во ПСЖ, но не сака да остане во Париз и сака да се врати во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…