Дома Фудбал Италија Ништо од враќање на Серија А на 3. април, италијанскиот министер го најави новиот датум!

Ништо од враќање на Серија А на 3. април, италијанскиот министер го најави новиот датум!

Италија е најзагрозена европска земја кога во прашање е пандемијата со коронавирусот.

Иако на Апенините се уште владее вонредна состојба министерот за спорт на оваа земја Виченцо Спадафора зборуваше за тоа кога би можеле лигата повторно да се игра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спадафора како што кажа Серија А може да се игра од 3. мај, меѓутоа не е јасно дали ќе биде со или без навивачи.

„Сметам дека Серија А може да продолжи од 3. мај. Ќе одлучиме дали со публика или без. Ова се однесува и на меѓународните натпреварувања како што се Лигата на Европа и Лигата на шампионите“, изјави Спадафора.

Ќе потсетиме, првенството е официјално суспендирано до 3. април, но никој не верува дека тогаш ситуација ќе се подобри за да може да се игра фудбал. Сега кога е одложено Европското првенство нема и потреба да се ризикува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…