Кризата со епидемијата од коронавирусот ќе го стави италијанскиот фудбал во огромна финансиска криза, алармираат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Весникот „Република“ внимателно пресмета дека секој ден Серија А е во загуба од точно 750.000 евра откако шампионатот е запрен.
Најголема е загубата од телевизиските права, билети и спонзори. Сето тоа сега е стопирано и дневните загуби во Серија А се навистина големи.
Денес УЕФА го одложи Европското првенство, па Серија А ќе може да се доигра во јуни, а планот на челниците на Федерацијата е првенството да продолжи на 9-ти мај.