Дома Фудбал Италија Одреден датумот кога најдоцна може да почне Серија А?

Одреден датумот кога најдоцна може да почне Серија А?

Последниот натпревар во Серија А беше одигран на 9. март, а потоа беше донесена одлука натпреварувањето да се прекине поради страв од ширењето на коронавирусот.

Од тогаш се шпекулира што ќе биде со продолжение од првенството, ситуацијата со коронавирусот не е блиску до подобрување. Се споменуваат три опции: Прекинување на првенството и признавање на актуелната ситуација на табелата, плеј-оф и продолжување на првенството со згуснат распоред кога се ќе биде во ред.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клубовите се во главно за продолжување на првенството, но главен услов за тоа е УЕФА да го одложи Европското првенство, за тоа ќе се одлучува утре.

Денес е одржан состанок на раководството на фудбалскиот сојуз на Италија тоа што се зборувало е тајна, сепак италијанскиот новинар Николо Шира тврди дека успеал да дознае нешто.

Тој пишува дека одреден е датум кога најдоцна може да почне Серија А, тоа би требало да биде 9. мај. Ќе потсетиме засега одлуката за суспензија е до 4. април, меѓутоа очекувањата се да има дополнително одложување.

Во случај Серија А да продолжи во мај би се играло до средината на јули. Секако, ова е под услов Евро 2020 и дефинтивно да се одложи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…