Мауро Икарди оваа сезона игра како позајмен фудбалер на Пари Сент Жермен, клубот сака да го откупи, но Аргентинецот нема намера да остане во Париз.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Икарди веќе му ја соопштил својата одлука на раководството на Интер, а јасно е дека нема иднина за него на „Џузепе Меаца“, иако има договор на уште две години.
Икарди сака кариерата да ја продолжи во Јувентус и не се откажува од таа идеја, а неговата сопруга и менаџер Ванда Нара е во постојан контакт со „бјанконерите“.
Директорот на Интер, Бепе Марота предлага трампа со Пауло Дибала, што во овој момент е „невозможна мисија“, па „нероаѕурите“ се ставени пред свршен чин.
Поради тоа Интер ќе мора да се согласи да го продаде напаѓачот на најголемиот ривал, а Јувентус е спремен да понуди помеѓу 60 и 65 милиони евра.
Аргентинскиот напаѓач на 31 натпревар оваа сезона постигна 20 погодоци и запиша 4 асистенции.