Дома Фудбал Италија Лага е дека Дибала е заразен од коронавирус, но точно е дека ќе стави потпис на нов договор

Лага е дека Дибала е заразен од коронавирус, но точно е дека ќе стави потпис на нов договор

Пауло Дубала овие денови падна во центарот на вниманието откако се појави лажна вест дека е заразен од коронавирус.

Набрзо стигна демант од сите страни, а ѕвездата на Јувентус и самиот преку социјалните мрежи демантираше.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Поздрав на сите. Сакам да потврдам дека сум добро и сум во доброволна изолација. Ви благодарам на сите за пораките и се надевам дека и вие сте добро“, напиша Дибала.

Меѓутоа, во Италија се сигурни дека е точна веста дека Аргентинецот набрзо ќе стави потпис на нов договор со Јувентус.

Преговорите се во напредна фаза и медиумите тврдат дека недостасуваат само одредени детали. Дибала наскоро ќе стави потис на нов договор, во кој можно е да има откупна клаузула, но не помала од 110 милиони евра.

Со новиот договор Дибала ќе стане втор најплатен фудбалер во Серија А после Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…