Дома Фудбал Италија Што ќе биде со Серија А? Ова се три можни сценарија

Што ќе биде со Серија А? Ова се три можни сценарија

Италијанската Серија А  е прекината до 3. април. Вчера таа одлука ја донесе Олимпискиот сојуз на Италија заедно со владата во таа земја.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Цела Италија е ставена во еден вид карантин и дозволено на жителите им е само одење на лекар и извршување на обврски кои не можат да се одложат. Според пишувањето на „Ла Република“ за Серија А постојат три можни сценарија.

Првата е пролонгирање на Европското првенство. Се шпекулира дека би можело да се одигра на есен или за една година подоцна, летото 2021.

Втората опција е одигрување на голем број натпревари во Серија А во последниот месец. Во таков случај би се играле натпревари на два или три дена.

Третото сценарио е да се прекине првенството и да не се игра до крајот на сезоната. Во тој случај Скудетото нема да биде доелено, туку само би се одредиле тимовите кои ќе одат во Европа идната сезона. Од лигата никој не би испаднал, а би влегле првопласираните две екипи од Серија Б и следната сезона би се играла со 22 клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…