Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал на крајот на минатата сезона, откако клубот имаше неуспех со Лопетеги.
Оваа сезона Зизу во моментов е лидер во Примера, а во Лигат а на шампиони беше поразен во првиот меч од Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трикратниот освојувач на Лигат а на шампиони наводно оваа сезона сака да ја освои Примера и да се раздели од „кралевите“ со таа титула.
Шпанските медиуми тврдат дека Французинот сериозно размислува тренерската кариера да ја продолжи во својот поранешен клуб Јувентус.
„Старата дама“ не е задоволна од работата на Сари и веќе почнале да работат на доведување на Зидан во Торино. Претседателот Ањели веќе спремил богата понуда за Французинот и будно ја следи ситуацијата во Мадрид.
Зидан има договор со „кралевите“ до 2024 година, па останува да видиме по завршувањето на сезоната дали ќе ја продолжи авантурата или ќе реши да ја промени средината.