Дома Фудбал Италија Ањели отвори полемика: Зошто Аталанта да игра во Лигата на шампиони?

Ањели отвори полемика: Зошто Аталанта да игра во Лигата на шампиони?

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е предводник на идејата за формирање на Супер лига во која ќе се натпреваруваат најголемите европски клубови.

Објаснувајќи ја својата идеја Ањели како пример ја наведе Аталанта која според него не заслужува да игра во Лигата на шампиони.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Исклучиво многу го ценам тоа што Аталанта го прави, но без историја на европската сцена, благодарејќи само на една добра сезона, имаа директен пат кон европското натпреварување. Исправно е тоа или не? Тогаш помислувам на Рома која минатите години даде голем допринос во рејтингот на италијанскиот фудбал. Имаа само една лоша сезона и испаднаа од елитата“, изјави Ањели.

„Мораме да ги заштитиме нашите инвестиции и трошоците. Има тимови кои ќе ја освојат лигата или купот и автоматски се квалификуваат во европско натпреварување, само на основа на националниот коефициент. Да направиме некој баланс за она што клубот го допринесува на европскиот фудбал и неговите резултати во само една сезона“, додаде претседателот на Јувентус.

Оваа изјава на Ањели предизвика полемика на Апенините со оглед на фактот што Аталанта оваа сезона игра одлично во Лигата на шампиони и се наоѓа пред пласман во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, тра…