Дома Фудбал Останато Кариус за неговите аматерски киксови ги обвинил рефлекторите?!

Кариус за неговите аматерски киксови ги обвинил рефлекторите?!

Лорис Карис што и да направи во понатамошниот дел од кариерата фудбалот ќе го памети по кошмарната ноќ во финалето од Лигата на шампионите во 2018 година.

Од тој момент следуваа низа грешки и киксови и неговата кариера оди во надолна линија. Знае Кариус и да биде одличен на голот, меѓутоа не е константен. После споменатото финале се појави вест дека заработил потрес на мозокот и затоа не реагирал како што треба.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега за грешките во дресот на Бешикташ се појави нов „виновник“, односно повеќемина. Имено, Кариус за турските медиуми признал дека му пречат рефлекторите на стадионите.

Голманот за „Фотоспор“ изјавил дека светлината на стадионите во Турција го заслепува и така ја нарушува неговата концентрацијата.

Оправдувањето е навистина малку чудно, можеби има некаква поврзаност со споменатиот потрес на мозок, но со сигурност не може да се каже. Инаку и покрај повремените киксови Кариус и понатаму е прв избор на голот на Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го потврди новиот договор на Шчесни

Голманот на Барселона Војчех Шчесни официјално потпиша нов договор, објавија од клубот. Но…