Дома Фудбал Италија Официјално: Во Италија цел месец фудбал без публика!

Официјално: Во Италија цел месец фудбал без публика!

Она што се најавуваше вечерва доби официјална потврда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите натпревари во Серија А во наредниот месец ќе се играат пред празни трибини. Владата ов Италија, фудбалскиот сојуз и Серија А се сложија дека поради епидемијата од коронавирусот најдобро решение да се игра без навивачи.

Во последните две недели беа одложени осум натпревари во Серија А, а меѓу нив беше и дербито помеѓу Јувентус и Интер.

Во Италија до сега се потврдени 2.502 случаи на коронавирусот. Најмногу се загрозени регионите Ломбардија, Пјемонт и Венето. Од денес во Италија се затворени сите школи и универзитети до средината на месецот.

Бидејќи повеќе немаше време за одложување, затварањето на вратите за навивачите изгледаше како логичен и очекуван потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…