Во Италија коронавирусот прави големи проблеми во спортот, посебно во фудбалот.
Последен натпревар кој беше одложен е полуфиналето кое требаше да се одигра денес помеѓу Јувентус и Милан. Претходно за викендот беа одложени пет натпревари во Серија А. Интер веќе има два натпревари кои треба да ги одигра, а тоа се со Сампдорија и Јувентус. Не е познато и што ќе се случува за викендот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека полека простор за одложување натпревари снемува, па во продолжение како најреална опција изгледа играње пред празни трибини, но и тоа не е некое добро решение.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте размислува да ги стопира сите спортски настани во период од 30 дена.
Ако ова навистина се случи не е јасно како и кога ќе се одиграат натпреварите во Серија А кои ќе се одложат. Ќе потсетиме простор скоро и да нема затоа што летово не очекува и Европското првенство.