Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон се уште не донел одлука дали ќе се пензионира или ќе игра и следната сезона, откри неговиот агент.
42-годишниот голман ова лето се врати во Јувентус после авантурата во ПСЖ и потпиша договор на една година, но постои можност на крајот на сезоната да го продолжи договорот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Се уште нема донесено одлука за својата иднина. Работите засега се одвиваат добро, но не сме зборувале за иднината“, откри агентот Силвано Мартина.
Јувентус не игра убедливо оваа сезона, но е во игра за сите трофеи, а Буфон во неколку наврати покажа дека и покрај години се уште е корисен за „старата дама“.
„Не се сите сезони исти. Тешко е да се освои Скудетото, а да не зборуваме за девет пати по ред. Лацио е во предност бидејќи не игра во Европа“, смета Мартина.
Gianluigi Buffon undecided whether he wants to stay at Juventus past the end of the season https://t.co/1Kx3xviCVN pic.twitter.com/7g5VmWV30K
— Distinct Athlete (@DistinctAthlete) March 2, 2020