Дома Фудбал Италија Статистиката на слободни удари на Роналдо во Јувентус е – очајна!

Статистиката на слободни удари на Роналдо во Јувентус е – очајна!

Иако многумина сметаат дека не треба да биде така Кристиано Роналдо е прв изведувач на слободни удари во Јувентус.

Португалецот има предност пред Паоло Дибала и Миралем Пјаниќ, но иако е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, слободните удари во последните години не му се силна страна.

Статистиката на Роналдо од кога дојде во Јувентус е катастрофална и јасно покажува дека Дибала и Пјаниќ треба да имаат предност. Роналдо вкупно имал 38 слободни удари од позиции од кои може да се шутира директно во гол и не постигнал ниту еден гол. Најчесто ударите му завршувале во живиот ѕид, така беше и вчера против Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп и Јовановиќ во вербален дуел, но со почит на крајот

Германија и Грција одиграа без голови во Лигата на нации, а Клоп и Јовановиќ имаа интересе…