Дома Фудбал Лига на шампиони Се враќа Лигата на шампионите: Вечерва не очекуваат два спектакли!

Се враќа Лигата на шампионите: Вечерва не очекуваат два спектакли!

После повеќе од два месеци вечерва се враќа Лигата на шампионите!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кога кон средината на декември беа извлечени паровите беше јасно дека во осминафиналето ќе гледаме четири дерби натпревари, а две од тие четири дерби средби се играат денес.

Вечерва на програмата се натпреварите: Атлетико Мадрид – Ливерпул и Борусија Дортмунд – ПСЖ.

Од Ливерпул навикнати сме да гледаме напаѓачка игра, така ќе биде случај веројатно и вечерва, додека пак Симеоне би можел да одигра и некоја шаховска партија. Сепак, со оглед на моменталната форма Ливерпул е фаворит и покрај тоа што игра на гостински терен.

Натпреварот помеѓу Борусија и ПСЖ може да биде и натпревар со повеќе голови, двете екипи сакаат да играат напаѓачки фудбал за гол повеќе. Не треба да се заборави и дека Борусија ја има тинејџерската гол-машина Ерлинг Халанд, а тука е и одличниот Џадон Санчо.

Ќе потсетиме после вечерашните натпревари утре на програмата се натпреварите Аталанта – Валенсија и Тотенхем – Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голем скандал во Турција: Претседателот на Фенербахче осуден на затворска казна!

Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е осуден на две и по…