Дома Фудбал Италија Конте објасни зошто Ериксен не игра, ова нема да му се допадне на Данецот

Конте објасни зошто Ериксен не игра, ова нема да му се допадне на Данецот

Интер синоќа беше поразен во големото дерби против Лацио,па после поразот „нероаѕурите“ паднаа на третата позиција на табелата.

Антонио Конте и на овој натпревар се реши да го стави на клупата за резервни големото јануарско засилување Кристиан Ериксен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од новинарите по меќчот го праша Конте дали е време Ериксен да добие поголема минутажа и конечно да се најде во првиот состав, но тренерот на Интер со својата изјава го разочара Данецот.

„Верувам дека во секоја ситуација мора да ја пронајдете рамнотежата помеѓу одбраната и нападот. Не можеме да мислиме дека еден играч може да ја промени судбината на тимот, особено што до сега игравме без Ериксен. Мораме да останеме смирени и да ги пуштиме новите играчи како што треба да се вклопат во тимот. Да продолжиме да работиме и да не размислуваме дека можеме да го смениме нашиот тим одеднаш“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…