Нова тренерска смена во Серија А. После промената во Торино и СПАЛ после серијата лоши резултати реши да го отпушти тренерот.
СПАЛ одлучи да го отпушти тренерот Леонардо Симпличи, кој запиша осум порази на последните десет меча.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Под водство на Семпличи, СПАЛ успеа дури од „Серија Ц“, да се избори за прволигашки статус, но во последно време тимот бележи многу лоши резултати, а поразот од Сасуоло ја прелеа чашата.
Клубот денес и официјално го назначи Луиџи ди Бијаџо за нов тренер, кој потпиша договор до крајот на сезоната со опција да го продолжи. Него го чека жестока битка за обезбедување на опстанок во елитата.
Benvenuto Mister Di Biagio!⚪️?
— SPAL (@spalferrara) February 10, 2020
➡️ https://t.co/cWvFmUW1KU
#MaiSola #ForzaSPAL pic.twitter.com/j5R4A1uqlA