Горан Пандев со својот гол и донесе голема победа над Каљари, додека Наполи доживеа шокантен пораз од Лече на „Сан Паоло“.
Тимот на Џенаро Гатузо продолжува со лошите резултати, откако попладнево беше поразен на домашен терен од Лече.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наполи подобро го отвори мечот и имаше неколку шанси, па казната стигна преку Лападула во 29-та минута, а со тој резултат се замина на полувреме.
Во второто полувреме домаќините веднаш израмнија преку Милик во 48-та минута и се чинеше дека ќе направат пресврт. Но, Лападула во 61-та минута повторно го шокира „Сан Паоло. Во 82-та минута Манкосу погоди за 1:3, а поразот го ублажи Каљехон.
Џенова оствари важна победа против Каљари и освои големи три бода во битката за опстанок. Херој беше Горан Пандев, кој влезе во игра во 39-та минута и го постигна победничкиот гол 3 минути подоцна.
Goran Pandev scores!
— Football Macedonia (@MacedonianFoot) February 9, 2020
Hes only been on the pitch 4 minutes but he was able to put his side 1-0 up against Cagliari after his cross finds its way into the back of the net.
?pic.twitter.com/nZQuNxDmcD