Дома Фудбал Италија Официјлано: Торино има нов тренер

Официјлано: Торино има нов тренер

Торино денес официјално објави дека се разделува со тренерот Валтер Мацари и за нов шеф на стручниот штаб Морено Лонго, кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Тренерската смена во Торино се случи после четирите последователни порази на „биковите“, меѓу кои најтежок беше секако тој од Аталанта 0:7 на домашен терен, но и последниот од Лече (4:0).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мацари го презеде тимот во јануари 2018 година, но последните резултати ја прелија чашата, па раководството реши да му врачи отказ.

43-годишниот Лонго е „дете“ на Торино и играше за „биковите“ во периодот од 1994 до 1997 година, а беше и тренер на младинскиот тим на Торино со кого го освои Скудетото. Сега ќе има можмност да го води првиот тим до крајот на сезоната, со можност за продолжување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…