Дома Трансфер зона Интер му сврте грб на Жиру и се договори со друг напаѓач

Интер му сврте грб на Жиру и се договори со друг напаѓач

Матео Политано е во центарот на вниманието во овој трансфер период бидејќи Италијанецот сака по секоја цена да го напушти Интер.

Политано ги мина лекарските прегледи во Рим, се сликаше со шалот на Рома, но трампата меѓу двата клуба пропадна, па мораше да се врати на „Џузепе Меаца“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, нема долго да остане во Милано, бидејќи Интер сега започна преговори со Наполи за нова трампа, така што ќе го испрати Политано во Неапол, а за возврат ќе го добие пари и Фернандо Љоренте.

„Нероаѕурите“ беа во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива на Лукаку и практично го имаа договорено трансферот на Оливие Жиру, но сега ќе се откажат од Французинот и ќе го донесат Љоренте на „Џузепе Меаца“.

Преговорите се во напредна фаза и трампата се очекува да биде комплетирана следните денови, така што Интер покрај Љоренте ќе добие и 20 милиони еврза за Политано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…