Oткако Џенаро Гатузо дојде на клупата на Наполи македонскиот фудбалер Елиф Елмас скоро и да не добива простор за игра.
Елмас беше резерва и вчера против Лацио, сепак доби 20-тина минути од Гатузо. Кога се ќе се собере Елмас од кога дојде Гатузо во Серија А има само 24 минути, додека во купот одигра 90 минути против Перуџа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера Елмас го замени Каљехон, а после натпреварот доби пофалби од Гатузо.
„Му честитам на Елмас, денес беше одличен. Влезе на местото на Каљехон и донесе вистински дух на теренот, дури и кога бевме под притисок. Во него повторно видов вистински ритам и дух“, изјави Гатузо на конференцијата после натпреварот.
Наполи вчера го совлада Лацио со 1:0 и така се пласираше во полуфиналето на купот на Италија.
Значи ли оваа изјава на Гатузо дека Елмас ќе добива повеќе простор за игра во следните натпревари?