Дома Македонски спорт Мак ракомет Aлушовски денес првпат ги собра „вардарци“: Среќен сум што ќе работам со оваа група на победници!

Aлушовски денес првпат ги собра „вардарци“: Среќен сум што ќе работам со оваа група на победници!

Денес Стевче Алушовски го имаше првиот тренинг со екипата на Вардар, на прозивката на Алушовски присуствуваа ракометарите кои немаат репрезентативни обврски на Европското првенство.

Алушовски во текот на паузата беше избран за прв тренер на Вардар и за него ова е враќање во таборот на црвено-црните каде што пред 10 години беше играч.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Среќен сум што сум дел од Вардар, како европски шампион. Спомените се тука. Малку е изменет амбиентот кога јас играв и сега со овој спортски објект, и со она што го има освоено клубот. Среќен сум што ќе работам со оваа група на луѓе што се победници. Треба да се запознаеме, едно е гледање на натпревари, друго е на тренинг. Секој што ќе заслужи и ќе покаже на тренинг ќе добие шанса. Имаме 30 натпревари и ќе треба доста да ротираме и да се чуваме за најважните натпревари“, изјави Алушовски за официјалниот сајт на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список н…