Дома Македонски спорт Мак фудбал Каде се Македонците, таму е – забавата!

Каде се Македонците, таму е – забавата!

Дел од македонските репрезентативци освен што се мајстори на теренот изгледа се мајстори и за забава во соблекувалната.

Последен во низата кој беше посочен како причина за забава во соблекувалната е Стефан Ристовски. Дека Ристовски носи добро расположение откри веројатно најпознатиот играч на Португалците Бруно Фернандеш.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога би требало да земам некој играч со мене во новиот клуб тогаш без никаква дилема тоа ќе биде Ристовски. Во соблекувалната носи неверојатна радост и уживање, поради него сум во супер расположение“, гласеше изјавата на Фернандеш.

Претходно вакви пофалби доби напаѓачот Илија Несторовски.

„Тешко прашање бидејќи во нашата соблекувална има повеќе „лудаци“, но прв кој ми паѓа на памет е Несторовски.  Само што ќе го видите сфаќате дека е „луд“. Постојано се шегува и ги смее останатите“, изјави неодамна голманот на Удинезе Хуан Мусo.

Друг играч кој е познат како добар забавувач е Езгјан Алиоски. Алиоски не добил јавно таков епитет од некој негов соиграч, но често пати сме сведоци на лудории кои ги прави пред клупската камера на англискиот тим. Последната ја имаше пред само неколку дена.

Кога сами знаат да придонесат за добро расположение во своите клубови и ги истакнуваат како лидер можеме само да замислиме како е во нашата репрезентација кога сите се заедно.

Веројатно и доброто расположение е причина за чуствувањето на една семејна атмосфера која можеше да се забележи во текот на последниот квалификациски циклус. Да се надеваме дека доброто расположение ќе продолжи и после полуфиналето против Косово, па и после финалето во Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…