Каталонскиот гигант Барселона го финализираше трансферот на албанскиот репрезентативец Реј Минај, пренесуваат италијанските медиуми.
22-годишниот Манај кој игра како централен напаѓач доаѓа од второлигашот Албасете и од почетокот на сезоната има постигнато 2 гола на 10 меча.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се очекува во секој момент трансферот да биде и официјално потврден,а Минај најпрво ќе се приклучи на вториот тим на Барселона.
Минај пред извесно време беше дел од Интер, но одигра само 3 меча во Серија А и беше позајмуван во Пескара, Пиза и Гранада.
Минатото лето Албасете го откупи за 1,5 милиони евра, а сега Албанецот е на чекор да го направи трансферот на кариерата.