УФЦ благодарение на Конор за неколку часа заработи 10 милиони долари.
Далеку е Конор Мекгрегор од чист спортмен, агресивен е и често пати невоспитан, но дека е мајстор и „магнет за пари“ тоа никој не може да го оспори.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Токму поради епитетите кои ги носи малку кој го сака освен неговите Ирци. Но, сепак без разлика дали го мразат или сакаат, тој е најпопуларниот ММА фајтер на дешеницата. Тоа се покажа и вчера кога кога влезниците за УФЦ евентот се распродадоа само за неколку часа и од тоа Ирецот заработи дури 10 милиони долари!
Поранешниот УФЦ шампион се враќа во октагон после поразот од Кабиб Нурмагомедов. На 18. јануари во Лас Вегас противник ќе му биде Доналд Серон. Борбата ќе биде во велтер категорија. Ирецот има 31 година, на 25 борби има 21 победа. Американецот е пет години постар и поискусен бидејќи зад себе има 50 борби во кои победи на 36.