Дома Фудбал Останато Проблем за Нејмар: Осминафинале во ЛШ или роденденот на сестра му?!

Проблем за Нејмар: Осминафинале во ЛШ или роденденот на сестра му?!

На оние кои го следат Нејмар добро им е познато што се случува кога доаѓа роденденот на Бразилецот. Од некоја причина (суспендиран или повреден) Нејмар во тој период во последните години не можеше да помогне на својот клуб.

Ако не се работело за некаква случајност, ПСЖ може да се соочи со проблем бидејќи реваншот од осминафиналето против Борусија Дортмунд го играат на 11.март, денот на роденденот на сестрата Нејмар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Нејмар во последните пет години констатно ги пропушташе натпреварите околу 11 март поради повреда или суспензија, а сега има натпревар токму на 11.март.

Во ПСЖ сигурно се свесни за оваа „пракса“ на Нејмар, па останува да видиме дали сега ќе се случи нешто слично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Велемајсторски! Деби гол на Елмас во сезоната за Наполи (ВИДЕО)

Наполи со победа ја отвори 28. рунда во Серија А, откако на домашен терен славеше против Т…