Легендарниот фудбалер Роналдињо смета дека Лионел Меси не е најдобар играч во фудбалската историја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Роналдињо кој своевремно играше со Меси во Барселона, смета дека низ историјата има многу фантастични фудбалери, но го истакна Аргентинецот како најдобар во неговата ера.
„Мило ми е што Меси ја освои шестата Златна топка бидејќи тој е мој голем пријател. Не сакам споредувања бидејќи тешко е да се каже кој е најдобар во историјата. Тука се Марадона, Пеле, Роналдо...Не можам да кажам дека Меси е најдобар во историјата, но е најдобар во неговата ера“, изјави Роналдињо.
Инаку, Роналдињо и самиот во текот на кариерата ја освои Златната топка и тоа во 2005 година, а многумина сметаат дека требало да има повеќе од една.
Меси сега е на бројката од шест вакви признанија со што е апсолутен рекордер, меѓутоа секако дека Кристиано Роналдо нема да се откаже од намерата да го стигне.