Вечерва на гала цереминија во Париз со почеток од 20:30 часот ќе биде доделена престижната награда на „Франс Фудбал“, „Златната топка“.
Според најавите таа треба да ја добие Лионел Меси, на кого ова ќе му биде 6-та „Златна топка“. Вчера дури се појави фотографија на социјалните мрежи на која беа откриени гласовите. Аргентинецот има убедливо најголем број гласови пред Ван Дајк и Салах, а Роналдо е дури на четвртата позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кристиано Роналдо нема да се појави на церемонијата во Париз, но затоа ќе отпатува во Милано каде вечерва ќе се одржува „Гран Гала Калчо“.
Имено, ќе се избираат најдобрите во Серија А за сезоната 2018/19, а Роналдо ќе биде избран за „Играч на сезоната“ и ќе биде во идеалниот тим на лигата.