Баерн победи во 12-тото коло од Бундес лигата на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф со високи 4:0.
Откако во минатото коло убедливо ја победија Борусија Дортмунд денес стигнаа до нов триумф. Од самиот почеток Баерн тргна офанзивно, а веќе во 11-та минута стигна до водство кога Павар погоди по асистенцијата на Кимих.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн потоа создаде неколку прилики преку Павар и Левандовски, а резултатот се промени во 27-та минута кога погоди Толисо.
Веќе во 34-тата минута беше 3:0, но Баерн не погоди до крајот на првиот дел.
Кутињо во 70-тата минута ги постави конечните 4:0. Левандовски денес не постигна гол и за него заврши чудесната низа во која постигнуваше гол на 11 натпревари од почетокот на сезоната во Бундес лигата.
Останати резултати:
Леверкузен – Фрајбург 1:1
Франкфурт – Волфсбург 0:2
Унион Берлин – Борусија Менхенгладбах 2:0
Вердер – Шалке 1:2