Тоа што се најавуваше сега доби и официјална потврда, Кристиано Роналдо го пропушта мечот со Аталанта, откако не отпатува со тимот во Бергамо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо за време на репрезентативната пауза беше во одлична состојба и постигна четири гола на два меча, но тренерот на Јувентус Маурицио Сари тврди дека Португалецот се уште има повреда.
Наводно и самиот Роналдо му потврдил на тренерот дека не се чувствува добро, па сега стигна потврда дека официјално не е во тимот за мечот со Аталанта.
Покрај Роналдо мечот ќе го пропуштат ште Рабио и Алекс Сандро кои исто така се повредени, а добрата вест е што Пјаниќ и Матуиди се вратија во тимот.