Дома Фудбал Италија Од бегалец до играч на Рома за само две години

Од бегалец до играч на Рома за само две години

Taлентираниот играч за врска од Гамбија, Ебрим Дарбое (18) пристигна во Италија во 2017 година после долг пат.

Дарбое помина шест месеци на пат од Гамбија до Италија, а низ тој пат помина низ сите потешкотии со кои се соочуваат бегалците.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бил малолетен, но тоа не го спречило да се пробие во Италија. Прво стигна до Сицилија, а подоцна и до Рома. По доаѓањето во Италија тренирал година ипол со младинците на Рома, но не можел да игра затоа што воопшто немал документи.

Дебитираше за младинскиот тим на Рома дури во јануари оваа година во натпреварот против Аталанта и со текот на времето стана незаменлив дел од тимот до 19 година на римскиот клуб.

Поради проблемите со повредени играчи тој доби повик од Паоло Фонсека и неделниот натпревар против Милан го следеше од клупата за резерви.

Рома му понудила договор на четири години со заработка од 80.000 евра годишно. Наскоро се очекува да дебитира во Серија А. Иако е толку млад тој веќе помага на неговото семејство кое се уште живее во Гамбија.

Стана член на голем клуб и веројатно го очекува светла иднина, но уште млад морал да се откаже од многу работи и да помине тежок пат кој го минуваат бегалците кои ќе се решат да бараат подобра иднина во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…