Дома Фудбал Италија „Бомба“: Катарскиот шеик најави купување на италијанскиот гигант!

„Бомба“: Катарскиот шеик најави купување на италијанскиот гигант!

Катарскиот шеик Амад Бин Ал Тани откри дека планира да купи фудбалски клуб во италијанската Серија А.

Италијанските медиуми откриваат дека станува збор за Милан, кој веќе неколку години не е во италијанскиот врв. Милан во моментов е во сопственост на инвестицискиот фонд „Елиот“ кој бара нов сопственик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еминентниот новинар Маурицио Пистоки открива дека претседателот на катарскиот клуб Ал Рајан има желба да инвестира во италијански клуб.

„Се надевам дека многу брзо ќе купам италијански клуб. Ми се допаѓаат клубовите кои играат во црвени дресови“, изјави Ал Тани.

Со оваа изјава катарскиот шеик, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, даде инциција дека станува збор токму за Милан.

Навивачите на италијаскиот гигант се надеваат што повбрзо клубот да го преземе катарскиот шеик и да го врати во самиот европски врв.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заедно со Клоп, Ливерпул го напуштаат уште осум играчи?

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој…